Преносен 3Д печатач печати кожа на лице место за неколку минути

- Advertisement -

Доколку некој се повреди и има потреба од лечење додека е во вселената, сега има преносен 3Д печатач кој може да му помогне. Научници од Универзитетот на Торонто направија 3Д печатач за кожа кој изгледа и функционира како да е излезен од некој филм. Како што велат од Универзитетот, печатачот прави кожни ткива и ги поставува на местото каде што треба лечење за само 2 минути, пишува Inhabitat.

Овој нов преносен 3Д печатач изгледа како диспензер на бели ленти хартија, но наместо хартија, печатачот вклучува микроуред кој формира кожни ткива. Биомастило направено од биоматеријали на база на протеини како колаген и фибрин прави вертикални ленти.

- Advertisement -

Колагенот е најзастапениот протеин во дермисот на кожата, додека фибринот е најбитен за залечување рани. Навид Хакими,  главниот автор на студијата, вели дека нивниот печатач ќе може да прави посебни ткива за различни пациенти и за различни рани.

Многу од денешните 3Д биопечатачи се гломазни, бавни и скапи, а освен тоа не се компатибилни за кличинка употреба. За споредба, печатачот на Универзитетот на Торонто може да се држи во рака, голем е колку кутија за чевли и тежи помалку од 1 кг. За да се ракува со него потребна е мала обука, а ги елиминира и потребата од миење и инкубација како кај другите печатачи.

Сподели!
- Advertisement -