Сара Блејкли е најмладата милијардерка на светот според Forbes која богатството не го наследила, туку сама го заработила. Таа денес, благодарение на својот бренд Spanx, вреди околу 1,04 милијарда долари
Постои една анегдота за нејзината младост, односно кога уште не знаела во која професија се пронаоѓа, конкурирала да биде Шиљо во Дизниленд, но ја одбиле со образложение дека е премногу ниска. Но неуспесите никогаш не ја спречиле да оди напред. Почнала да размислува дека еден ден сака да направи производ со кој луѓето ќе се чувствуваат подобро.
Дошла до идеја за производ во моментот кога сфатила дека не може ништо да носи под бели панталони бидејќи сѐ би се гледало. Тогаш решила да направи многу едноставен производ: парче долна облека која нема да се гледа под облеката, а ќе го обликува телото.
Можеби веќе погодувате, се работи за познатите Spanx кои денес се парче долна облека кое скоро секоја жена во САД го поседува, а Опра Винфри го стави на нејзината листа на омилени производи во 2000 година.
Денес, голем број жени и’ се благодарни што немаат проблем со отцртувањето на долната облека додека носат светла и тенка гардероба.
Откако дошла до идејата, решила да бара фабрика која ќе се согласи да произведува Spanx, а после седум дена ја нашла во Северна Калифорнија.
Иако Блејкли нема формално образование за работата која ја работи, тврди дека живее претприемачки живот. И покрај нејзиниот успех, таа останала скромна личност.
„Голем ризик е да се смисли производ. Мора да направите нешто што претходно не постоело. Секогаш размислувате како другите се попаметни и поквалификувани од вас, а тогаш еден ден ќе се разбудите и ќе помислите – што ако токму јас сум една од тие луѓе.“, раскажала Блејкли во интервју за BBC.
Кога ја прашале која е нејзината следна голема желба, таа рекла дека посакува да има што повеќе жени изумители на производи.
Во приватниот живот, таа живее во Атланта, мажена е и има едно дете, а нејзиниот бизнис е успешен благодарение на постојаното лансирање на нови производи и следење на потребите на жените за удобност на женската гардероба.