ВИДЕО: Uber го претстави прототипот на своето летачко такси

- Advertisement -

Летачкото такси на Uber беше претставено на конференција во Лос Анџелес. Електричното летачко такси е дизајнирано да лета на височина од 300 до 600 метри, а се надеваат дека ќе биде готово до 2023 година. Дизајнот на таксито е сличен повеќе на дрон отколку на хеликоптер и е одраз на мисијата на компанијата да може да се спушта и да полетува тивко, пренесува Inhabitat.

Uber смета дека ова такси ќе биде совршено превозно средство за патување низ урбаниот сообраќај и за скратување на долгото возење. „Сакаме да направиме една мрежа околу постојните возила за луѓето да можат да земат едно летачко такси секогаш кога ќе сакаат да го избегнат градскиот метеж и тоа по прифатливи цени“, вели извршниот директор на Uber, Дара Косровшахи.

- Advertisement -

Таксито е така направено да може да полетува и да слетува до 200 пати во текот на еден час. На почеток со него ќе пилотираат луѓе, иако компанијата планира да го направи целосно автономно. Освен техничките предизвици кај самото возило, сега не постои инфраструктура за сообраќање на ваквите возила. Освен тоа, не се поставени ни регулатива и легислатива за нив. Додека некои експерти предвидуваат дека овие предизвици нема да може да се надминат, Uber и уште најмалку 19 други компании притискаат со своите планови за воведување летачки такси.

Сподели!
- Advertisement -