Nestle ќе продава кафе, чај и храна од Starbucks

- Advertisement -

Швајцарската компанија Nestle ќе плати нешто повеќе од 7 милијарди долари за преземање на малопродажбата на кафе, чај и храна на компанијата Starbucks надвор од нивните кафетерии, пренесува Bizlife.

Иако цената е висока, оваа зделка и тоа како може биде исплатлива за швајцарската компанија затоа што нејзините брендови Nescafe i Nespresso ни одблиску немаат тежина во Америка како што има Starbucks со 2 милијарди долари приходи од годишната продажба.

- Advertisement -

Според овој договор, комапнијата Nestle има право да продава и да дистрибуира поголем дел од производите на Starbucks, со исклучок на некои флаширани пијалаци кои се продаваат во кафетериите на Starbucks и надвор од нив.

Nestle минатата година навести дека ќе се посвети на сектори со поголем раст како што се негата на домашни миленици, кафето и храната за деца. Во јануари годинава компанијата одлучи за околу 2,8 милијарди долари да го продаде своето производство на слатки во САД на италијански Fererо.

- Advertisement -

Сега швајцарската компанија објави дека на Starbucks ќе му плати 7,15 милијарди долари и во компанијата ќе преминат околу 500 работници на Starbucks, кои ќе продолжат да работат од Сиетл, САД. Се очекува дека договорот ќе биде конечен до крајот на годината.

Сподели!
- Advertisement -