Илон Маск го исполни ветувањето – Starlink терминалите стигнаа во Украина

- Advertisement -

Украина доби Starlink терминали од SpaceX, кои ќе гаранција дека нема да дојде до прекин на интернетот во земјата, Илон Маск со тоа го исполни даденото ветување дека ќе и помогне на земјата која се наоѓа под руска инвазија.

SpaceX во Украина испрати камион со кориснички терминали за Starlink сателитскиот интернет. Тоа може да се види од фотографијата која ја објави на Twitter потпретседтаелот на украинската влада, Михајло Федоров. Токму потпретседателот беше тој кој го замоли Илон Маск да им помогне.

- Advertisement -

Во текот на изминатиот викенд Федоров на Twitter побара од Маск сателитски интернет Starlink за Украина. Маск одговори на коментарот дека сателитскиот интернет е активиран за земјата и дека на пат се корисничките терминали.

Како што се одвиваат битките на украинска територија се појави загриженост од сајбер напади на интернет инфраструктурата на земјата, што би го отежнало објавувањето вести од земјата и контактирањето со луѓе надвор од земјата. За тој страв придонесоа и некои делумни прекини на интернетот минатата недела.

- Advertisement -

За да пристапат до интернетот Starlink корисниците мора да имаат терминал, кој SpaceX го продава директно на купувачите. Терминалите можат да испраќаат и да примаат сигнали од кој било активен Starlink сателит кој се наоѓа над земјата.

Starlink е амбициозна иницијатива за вселенски интернет за сите, а целта е лансирање десетици илјади сателити во ниската земјина орбита за да се покрие целата Земја. Досега имаат околу 2.000 активни сателити во орбитата.

- Advertisement -

Што се однесува на терминалите кои стигнаа во Украина, не е познато како ќе се користат и ќе се дистрибуират, иако еден корисник на Twitter објави видео од својот екран и тврди дека ја користи услугата во Киев.

(The Verge)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -