Погледнете како изгледа гратчето каде што се произведува iPhone

- Advertisement -

Дури половина од сите iPhone уреди во светот се прават во комплексот на фабриката Foxconn во кинеското гратче Женгжу. Foxconn вработува околу 350.000 луѓе и создаде гратче кое жителите го нарекуваат „iPhone град“. Во летните месеци кои претходат на претставувањето на новиот модел на iPhone фабриката произведува 500.000 уреди дневно или до 350 во минута.

- Advertisement -

 

Моментално за тој комплекс се зборува дека платите се ниски, а работното време се подолго. Се на се, таа приказна не се разликува од другите кинески фабрики, пишува Poslovni Puls.. За време на ручек околу 13 часот во Женгжу може да се видат само неколкумина луѓе надвор, па токму затоа и градот го нарекуваат „град на духови“ бидејќи целото население работи во фабриката за iPhone.

- Advertisement -

Паркот на фабриката Foxconn се протега на должина од 3,5 км и не се разликува од други паркови. Насекаде има дрвја, полиција и чувари, а работниците на паузите се сокриваат во ладовина. Со 2010 година целото земјиште било полиња со пченка и жито, а потоа владата ја откупила земјата од фармерите и ја изградила фабриката.

- Advertisement -

Владата дури помага при вработување, обучување и сместување на работници кога е врвот на производството на iPhone уреди. Во летните месеци на влезот во комплексот може да се слушне: „Го вработуваме кремот на општеството. Вашиот карактер мора да биде оптимистичен, а вашата работа внимателна“.

Работниците почнуваат со работа во 7 часот наутро, најголем дел пеш или патуваат со автобус. Фабриката Foxconn за iPhone работи завршно склопување, тестирање и пакување. Овој дел од производниот процес се состои од околу 400 чекори за да се склопи еден iPhone. Најголем дел од работниците цел ден работат едно исто, како, на пример, полирање керани, лемење или ставање еден исти шраф на позадината на телефонот.

Најголем дел од работнциите се на возраст од 18 и 25 години, а стажантите може да имаат и пнгжу или од селата околу Хенан. о 16 години. Соодносот на мажите и жените е речиси изедначен, а најголем дел од работниците доаѓаат од Женгжу или од селата околу Хенан. Почетните плати изнесуваат околу 300 долари. Многу работници ги покачуваат своите приходи на 676 долари ако одработат 60 часа прекувремено во текот на неделата. Кинескиот закон го ограничува прекувременото работно време на 36 часа месечно.

Сподели!
- Advertisement -