The Things Network Belgrade – тим кој го дигитализира и прави Белград паметен град

- Advertisement -

Доколку би го опишале 21. век со само еден збор, тоа дефинитивно би бил зборот – паметен. Постојат паметни телефони, паметни уреди, паметни градови. За да се направи еден град паметен, во овој случај Белград, работи еден тим на ентузијасти наречен The Things Network Belgrade кои објаснуваат кој е најбрзиот, најлесниот и најевтиниот начин да се „опамети“ еден град.

Тимот го основале Никола Чуркиќ, Јанко Павловиќ и Ѓорѓе Ѓорѓевиќ. Тие објаснуваат дека револуцијата на паметни нешта започнала со паметните уреди, а следниот чекор бил вмрежување на таквите уреди и постигнување координација помеѓу нив.

- Advertisement -

Следејќи го овој рецепт, се доаѓа до рецептот на паметен град.

„Smart city или паметен град е систем кој дише заедно со своите граѓани и ги оптимизира и прилагодува конвенционалните системи во реално време. Како пример може да се земе паметниот паркинг, односно систем кој овозможува препознавање на реалната состојба на зафатеност на еден паркинг простор и им овозможува на возачите навигација до првото слободно место со помош на апликација.“, додаваат од The Things Network Belgrade.

- Advertisement -

Бидејќи концептот на паметен град е доста сложен и неопходно е да се согледа од повеќе аспекти, тимот како дел од глобалната The Things Network мрежа не го сочинуваат само инженери, туку технолошки ентузијасти од различни професии, дури и од областа на политикологијата.

- Advertisement -

Тимот е формиран од септември и поделен на генерален и технички тим, со тоа што техничкиот тим работи на развој на технологии, како софтвер, така и хардвер. Работат во склоп на Научно – технолошкиот парк на Белград и веќе ѝ пружаат поддршка и на оваа заедница каде се вклучени различни компании, институти и универзитетот од Белград.

„Покрај проектите, добиваме и едукација, запознавање и воспоставување соработка помеѓу институциите кои до сега беше тешко да се спојат, а нам сега ќе ни го олесни следниот чекор: имплементација на проектито на ниво на градот.“, објаснува Јанко.

Бидејќи дигитализацијата неминовно доаѓа во сите сфери на животот, претворањето на Белград во светска паметна метропола е само прашање на време. „Потребната технологија е присутна и достапна, така да единственото прашање е колку бргу ќе можеме да ја обезбедиме и примениме во нашиот град.“, вели тој.

Велат дека во Белград најголем предизвик со кој се соочуваат граѓаните секојдневно е сообраќајот, а со дигитализацијата ќе може да се измери протокот на сообраќајот во реално време и да се направи анализа, со што крајниот чекор би бил синхронизација на семафорите со податоците кои ќе доаѓаат од терен.

Засега немаат многу средства на располагање, но имаат пак други ресурси како многуте експерти и ентузијасти кои работат на проектите. Очекуваат да ги реализираат првите резултати за една до две години.

Како шанса за поголем развој гледаат во поддршката од големите телекомуникациски компании, но и сите други компании кои ќе бидат заинтересирани во новите технологии и ќе сакаат да ги применат во нивното работење.

„Освен остварување соработка со големи компании, сакаме да ги вклучиме и сите српски стартапи кои работат во областа паметни градови и да ги вмрежиме нивните производи. Со комбинација на тие уреди ќе добиеме сосема нови решенија“, вели Јанко.

Од The Things Network Belgrade се уверени дека успехот зависи само од добрата волја и желбата да се направи нешто и да се промени. Ова е воедно и целта на оваа млада заедница која е отворена за сите оние кои ги делат нејзините ставови и ентузијазам.

Сподели!
- Advertisement -