Совети кои ќе ви помогнат успешно да транзитирате од вработен во сопственик на бизнис

- Advertisement -

Многу од вас кои сега го читаат ова, работат за некој друг – помагаат некому да си го изгради својот сон. Најверојатно и вие имате сопствен сон кој ве радува и исполнува, а едно од следниве две нешта ве кочи за да го исполните:

  • Како ќе го заменам приходот од мојата секојдневна работа?
  • Имам идеја за бизнис, но немам идеја како да почнам!

- Advertisement -

Вистината е дека не сте сами и дека не мора повеќе да го кочите вашиот сон. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат вашиот сон да го претворите во реалност.

1. Не прашувајте кои се потребите на пазарот

- Advertisement -

Наместо тоа, прашајте се што можете да обезбедите од она што сакате да го правите. Не се обесхрабрувајте од помислата дека има многу луѓе кои заработуваат од она што и вие го сакате. Тоа би било исто како да кажете дека не би сакале да бидете поп пејач, бидејќи постојат многу поп пејачи. Напишете си ја сопствената песна.

2. Идентификувајте го успешно јазот кој сакате да го пополните

- Advertisement -

Различни производи и услуги им одговараат на различни луѓе. Но со слични производи и услуги презентирани на поинаков начин или на поинаква публика исто така можете да откриете различни типови на луѓе.

Можеби сте финансиски советник. Што би го направило вашиот пристап, искуство или процес поинаков? Она што веќе ја прави разликата, всушност сте самите вие! Истакнете ги вашите вредности, цели или проживеани искуства во вашиот маркетинг.

3. Претставете си ја долгорочно својата визија 

Имајте јасна визија за неколку прашања:

  • бројот на клиенти што сакате да го привлечете
  • типот на клиенти
  • како би изгледал вашиот живот доколку го поседувате посакуваниот бизнис
  • како се чувствувате
  • колкав профит остварувате
  • како се вмрежувате со потенцијални клиенти
  • како го минувате слободното време

Останете фокусирани на вашата визија додека се движите напред.

4. Донесете одлука каде би сакале да се пласирате

Консултирајте се со вашата долгорочна визија. Замислете се како ја остварувате и почувствувајте ја енергијата што произлегува од таквиот живот и бизнис. Запрашајте се каква би била вашата одлука во иднината.

Кога донесувате одлуки врз основа на вашата мисловна рамка во која постои успех и исполнување, вие неизбежно ќе привлекувате и создавате успех и исполнување.

5. Ангажирајте некој што ќе ве води чекор по чекор

Угледајте се на некој што веќе си остварил живот и креирал бизнис на начин сличен на оној кој вие го замисливте во вашата визија. Ваквите луѓе можат да ви помогнат во утврдување на вашите краткорочни и долгорочни цели, како и во планирањето на практични чекори за да ги остварите.

Осигурајте се дека личноста што ќе ја ангажирате, целосно ќе ги разбира вашите цели. Фактот дека одредени пристапи биле успешни за нив, не мора да значи дека истите ќе можат да се применат и во вашата ситуација. Верувајте им на своите инстинкти.

6. Градете го вашиот сон со темпо кое вам ви одговара

Кога ќе почувствувате дека имате таргетирано клиенти, како и финансиски резерви доволни за итни случаеви, ќе знаете дека ќе треба да го направите финалниот чекор и да отстапите од вашата секојдневна работа во новото поглавје на сопствен бизнис. Единственото вистинско време е тогаш кога вие ќе се чувствувате така.

Разбирливо е на почетокот да ви изгледа страшно, но со текот на времето ќе ве исполнува фактот дека секој ден ќе можете да работете нешто во што уживате. Доколку навистина сакате да го промените својот живот, слободно можете да го направите тоа, а истото ќе ви се исплати!

Сподели!
- Advertisement -