Последниот проект на Tesla со инсталација на нивните џиновски батерии Powerpack сега е активиран во Терхилс, Белгија. Системот се состои од 140 батерии Powerpack со вкупен капацитет од 18,2 MW, пишува Interesting Ingeneering.
Батериите ќе се користат на сличен начин како проектот во Јужна Австралија со капацитет од 100MW/129MWh. Проектот во Јужна Австралија веќе покажа огромни ефекти врз трошоците за постојана контрола на стабилноста на електричната мрежа во Австралија.
Проектот во Белгија е резултат на соработката меѓу Tesla и агрегаторот Restore, а ќе се користи за балансирање на услугите на трансмисија на европските системски оператори. Батериите на Tesla се полнат кога ќе се произведе вишок енергија и се користат кога има потреба од повеќе енергија од произведеното. Тоа помага да се балансира електричната мрежа за да не мора да се користат бавни генератори на гас или турбини на пареа.
Restore има планирано сличен проект за Велика Британија видејќи компанијата Australian Energy Market Operator (AEMO) неодамна ги објави задоволителните резултати по неколкумесечна употреба на џиновските батерии на Tesla во Јужна Австралија веќлејќи дека се побрзи и попаметни од конвенционалните турбини.