“Од Битола се може(и)”, проект кој од стартап компании ќе создава брендови!

- Advertisement -

Бренд е многу повеќе од лого и боја, како што кај нас локално се размислува. Под бренд се подразбира сé што ќе се направи и каже за Вашата работа или за Вас како личност.

На тема брендинг разговаравме со Роланд Сајмон, бренд стратег и специјалист за маректинг комуникации, а со Маријана Милевска од Преда Плус Фондацијата која го води проектот “Од Битола се можи(е)“ за потенцијалите кои нивниот проект им ги пружа на идните млади претприемачи

фотограф: Keti Talevska ✔️

Разговараше – Љубица Ангелкова

Роланд Сајмон
Дали на секој му е потребен бренд?
Мислам дека нема дилема, животот ни е опкружен со брендови. Едноставно имаме претчувство за одредена комапнија, за одереден сервис и за одредена личност дека сама по себе  претставува бренд. Тоа е како врв од глечер кој се гледа, а суштината на брендот е цел комплекс сокриен под таа мала површина.
Живеете извесно време во Македонија и веќе го знаете менталитетот на луѓето. Како да ги разубедиме дека логото не е бренд?
Логото е дел од брендот. Тоа е визуелен идентитет на брендот. Логото доаѓа од стратегијата на брендот и од неговата комплексност. Земете го за пример FedEx. Во неговото лого има еден симбол кој од прво не можете да го забележете, но ако ги покриете буквите, се појавува стрелка. Стрелката има силна порака, значење, одредува правец, детерминира насока, логистика… симбол кој не е видлив од старт, но делува моќно.
За да се изгради моќен бренд најважно е да знаеме какви вредности застапува и која е визијата на компанијата. Овие елементи се дефинираат низ неколку чекори кои се дефинирани во многу книги и прирачници за градење на бренд. Тешкиот дел е што треба да ги прифатите и доследно да ги применувате.
Брендингот помага во градењето на личниот идентитет. Како на луѓето да им објаснеме дека брендингот помага во градењето на личен идентитет?
Ако самите не работите на себе и својот идентитет по кој ќе Ве препознае јавноста, другите луѓе за Вас ќе формираат мислење и став врз основа на свои согледувања. Со алатките кои денес ни се располагање во дигиталниот свет, секој има можност да работи на градењето на личен бренд. Ако сами не го правите тоа, другите ќе го сторат за Вас. Ако си ги знаете своите лични способности, ако сте посветени на себе, на својата кариера и хоби лесно е да наметнете позитивен имиџ во јавноста. Но збрувам за вашиот вистински имиџ, не за измислен. Само така цврсто го градите својот личен бренд врз база на своите компетенции.
 
Зошто градењето на силен бренд е важно за Вашите вработени?
Денес не е само платата мотивација за вработениот. Денес оние кои што работат за Вас сакаат да имаат исполнет живот, да прават нешто добро за себеси, за своите блиски, но и за пошироката заедница. Значаен е финансискиот приход, но комплетната исполнетост доаѓа и со други фактори. Еден од тие фактори е да се работи за компанија со препознатлива мисија во јавноста. Вработените сакаат да се идентификуваат со компанијата за која работат. За пример ќе ја земам познатата компанија за производство на спортска гардероба Патагонија, која не е само позната по својот исклучителен квалитет, туку и по заложбите за заштита на планетата.
Уште еден пример е компанијата Реи, позната по продажба на облека и аксесоари за активен аутдор живот, за авантуристи кои сакаат активности во природа. Тоа е компанија која на познатиот Блек Фрајдеј ги затвара своите продажни места и им препорачува на своите клиенти и фанови да одат во природа. Тоа е бренд кој не само што зборува, туку и прави така. Ако јас се прашувам тоа е бренд за кој јас би сакал да работам. Таа деловна култура мене ми се допаѓа.
Оттука и заклучокот дека брендовите креираат и култура на живот. Нетфликс е уште еден таков пример, кој им дава слобода на своите вработени да земат колку сакаат слободни денови во годината. Факт е дека нивните вработени воопшто не ја злоупотребуваат таа слобода. Напротив работат и повеќе за да ја прават уште посилна компанијата.
Како да го позиционираме брендот на нашата конкуренција во однос на сопствениот?
Конкуренцијата може да ја анализираме квалитативно и квантитативно. Може лесно да се истражува денес затоа што информациите се насекаде околу нас. Повеќе не Ви треба скапа агенција за истражување, може сами да откриете многу вредни информации.
Ако бирате за себеси бренд, каков би бил?
Досега не сум работел за себеси. Но, ако треба да замислам какво опкружување би создал за сопствен бизнис, сигурно би била компанија која е креативна, разиграна средина на паметни луѓе, со претприемнички дух. Сакам да се забавувам додека работам и живеам, сакам живот исполнет со резултати. Разигран бизнис, фокусиран на резултати и иновативна средина.
Маријана Милевска
Колку Пелагонискиот регион е тежок за иницирање претприемнички проекти?
Пет години работев во Скопје за Швајцарски проект со пет играчи во стартап системот во Македонија. И можам да кажам дека има големи разлики на ниво на организираност и разбирање на стартапите во Скопје споредено со Битола и Пелагонискиот регион. Овде имало вакуум, немало никаква поддршка на претприемничките идеи освен стандардната понуда на државните институции преку нивните мерки за самовработување. Тие продуцираат претрпиемништво со цел да се најде работа, а не претприемништво базирано на иновација.
Ова е прва програма која нуди извонредна можност, младите луѓе доколку имаат идеја која е иновативна, да ја искрастилизираат со помош на менторите кои ние им ги нудиме бесплатно. Интересот е задоволителен ако се земе предвид тој петгодишен вакуум. И како пилот програма можеме да кажеме дека сме задоволни.
 Какви ви се очекувањата од  проектот “Од Битола се може(и)”?
“Од Битола се може(и)” започна со пет успешни поединци кои ги раскажаа своите приказни за патот кон успехот и ги мотивираат младите кои се на нивниот старт од патеката на претприемништвото. Менторството е во суштина менаџирање на очекувањата. Надворешен човек секогаш пообјективно согледува работите. Затоа посветивме особено внимание да селектираме исклучително инспиративни личности, посветени на личната кариера кои ќе умеат да ги разбудат од зимски сон овие млади луѓе.
 
Кои се досегашните постигнувања во делот на стартап екосистемот во Македонија ?
 ПРЕДА Плус е Фондација за одржлив економски развој којашто во изминатиот период ја игра улогата на поддржувач и партнер на играчите во екосистемот на стартапи во Македонија. Во периодот помеѓу 2015-2018, учествуваше во јакнењето на повеќе клучни играчи на овој систем преку најразлична поддршка:
– Меѓународни ментори на Сивус Инкубатор во нивната пред-акцелераторска програма
– Развиена нова услуга за евалуација на ИТ Фирми на SEEU Tech Park
– Поддржана институционализација на Стартап Зона
– Меѓународна експертиза за концепт модел на Create Hub, Комора на Северозападна Македонија
– Меѓународна експертиза со цел развој на бизнис модел на БИТХАБ и пилот пред-акцелераторска програма
Овие програми и нивната поддршка според  мониторинг системот по меѓународен стандард успеа да креира над USD 564.000 дополнителни приходи преку  обезбедување на 109 нови клиенти и 15 нови развиени производи  и како резултат на тоа да генерира 96 вработувања (83% млади).
Сподели!
- Advertisement -