Естонија воведува посебна виза за „дигиталните номади“. Таа виза ќе им овозможи на луѓето да живеат и да работат во Естонија во период од една година доколку целата нивна работа се одвива онлајн и не мора да бидат на конкретно место за да работат.
Естонија веќе е лидер по дигиталните услуги и дава можност за е-жителство за луѓето кои не се жители на земјата да можат онлајн да пристапат до сервисите на владата и да регистрираат компанија во ЕУ. Таа можност минатата година ј искористиле 11.096 луѓе кои побарале е-жителство на оваа балтичка земја.
Со дигиталната виза, пак, луѓето ќе добијат пристап и до останатите 25 земји на ЕУ во период од 90 дена. Естонија моментално работи на дефиницијата на поимот „дигитален номад“ пред да почне да прима апликации за виза. Прашањето што се наметнува е дали работните визи ќе станат излишни во еден дигитализиран свет?