Новите патики на Nike ќе ја сменат целата индустрија за спортски обувки

- Advertisement -

Кога зборуваме за технологија за избработка на спортски обувки, 3Д печатењето најчесто се користи за изрбаотка на ѓонот, како кај минатогодишниот модел на Adidas, Futurecraft 4D, но Nike неодамна ги претстави патиките Vaporfly Elite Flyprint, кај кои целиот горен дел е испечатен со помош на 3Д печатач. Резултатот се патики со високи перформанси кои лесно може да се изменат за да им одговараат на тркачи во различни региони. 

Имено, од Nike ветуваат дека технологијата на Flyprint патиките ќе овозможи полесно „дишење“ на материјалот од останатите, додека 3Д печатењето го елиминира триењето кое се создава при секојдневно користење на ткаенините, пренесува Vidi.hr. Полесни се за 11 грама од Zoom Vaporfly Elite, што на прв поглед изгледа смешно, но се смета дека на маратонците тоа намалување на тежината многу ќе им помогне при подолго трчање. При изработката се користи TPU пластика, многу еластичен материјал кој е погоден и за користење на исклучително мокар терен затоа што не ја впива влагата и не добива на тежина.

- Advertisement -

„Имаме контрола над секој искористен конец при изработката така што доколку некој каже дека патиките му се прешироки во делот кај прстите, можеме да додадеме неколку линии пластика без да почнеме да работиме од почеток“ изјави Роџер Чен, управител за дигитални иновации во Nike.

Овие патики ќе може да се видат во акција на лондонскиот маратон за време на викендот. За сите заинтересирани Nike ќе продава Flyprint на маратонот, но ќе биде строго лимитирана серија. Оваа технологија на Nike може да помогне при изработката на обувки за многу други спортови, но само е прашање на време кога ќе биде достапна за поширока употреба.

Сподели!
- Advertisement -