Растечки тренд е употребата на стари контејнери за транспорт како еден вид градежен материјал, но претворањето на овие челични кутии во простории за живот не е лесна задача. Иновативната германска компанија Containerwerk го олеснува процесот на реформирање на рециклирање контејнери, кои потоа архитектите ги претвораат во прекрасни домови или канцеларии, пишува Inhabitat.
Употребата на контејнерите неколку години наназад е популарна кај компании, но самиот процес на трансформација е навистина комплициран. Еден од најголемите предизвици е изолацијата за да може потоа тие да се користат за живот или работа.
Соосновачот на Containerwerk, Иван Малиновски, измисли индустриски систем за обложување на челичните структури со слоеви пена. „Изолацијата е голем проблем кога се работи со стари контејнери. Доколку го анализирате контејнерот, ќе видите дека е направен од челик, а челикот е добар проводник на топлина. Ние направивме посебен тип изолација. Тоа е монолитска изолација, направен иднустриски која го обложува целиот контејнер“ вели Малиновски.
Според Малиновски, со помош на специјалната изолација од пена контејенрите стануваат поефикасни и овозможуваат да се направат ѕидови со дебелина од 10 см за да има поголем простор во внатрешноста. Компанијата неодамна ја претстави својата работа на Неделата на дизајнот во Милано. Инсталацијата се состоеше од двокатен дом направен од три рециклирани контејнери.