CEE Startup Challenge е првиот регионален онлајн натпревар за стартапи од Централна и Источна Европа (ЦИЕ). Vestbee, онлајн платформата за поврзување на глобални бизниси, фондови за ризичен капитал и корпoрации со стартапи и компании од ЦИЕ и CEE Business Angels Network се организатори на натпреварот.
Станува збор за натпревар во кој стартапите од регионот треба да поднесат иновативни решенија од повеќе сектори: индустрија 4.0, паметни градови и домови, енергија и чиста технологија, животни науки, финансиска технологија, big data и аналитика, бизнис и ИКТ, животен стил.
Со учеството на овој натпревар на стартапите им се отвораат поголеми можности за финансирање на нивните иновативни идеи, стапување во контакт со глобални фондови кои инвестираат во ризичен капитал, како и со бизнис ангели и корпорации и сето тоа без да ги напуштат сопствените канцеларии.
Ова е последен повик за аплицирање на натпреварот бидејќи крајниот рок за апликации е 21 мај. Стручно жири составено од 13 експерти од компании, фондови, организации од регионот најпрвин на 5 јуни ќе ги изберат најдобрите 100 идеи. На 12 јуни ќе бидат објавени финалистите, а на 14 јуни победниците на натпреварот.
Аплицирањето се врши на следниот линк https://app.vestbee.com/org/vestbee, а повеќе информации за натпреварот можете да добиете на линкот https://www.vestbee.com/cee-startup-challenge/. Главнатанаграда на натпреварот е паричен износ од 50.000 евра.