Американски научници направија имплант за закрепнување од мозочен удар

- Advertisement -

Научници од медицинскиот центар на Универзитетот Охајо спроведуваат клиничко истражување со VNS стимулација, односно стимулација на нервот луталник (vagus nerve) кај доброволци кои преживеале мозочен удар. Во рамките на терапијата на пациентите во градниот кош им се става имплант наречен MicroTransponder Vivistim, односно електричен уред кој го стимулиран нервот луталник.

Уредот колоквијално го нарекуваат мозочен пејсмејкер, а работи со помош на безжичен предавател кој фаќа сигнали, ги пренасочува кон нервот вагус, кој се наоѓа во вратот, и го стимулира мозокот кога терапевтот ќе притисне на копче.

- Advertisement -

Уредот им помага на пациентите за зајакнување на моториката кога сакаат да направат некое движење. Во основа, ова е некој вид мост меѓу мозочни склопови. Тоа значи дека со испуштање на нови неуротрансмитери од мозокот може да им помогне на пациентите кои изгубиле мобилност на екстремитетите полесно да ја вратат контролата над нив.

Претходните истражувања покажале дека стимулацијата на нервот луталник им помага на пациентите кои закрепнуваат од мозочен удар во 83% од случаите, а новиот имплант таа терапија треба значително да ја унапреди. Што се однесува на хируршката постапка, таа е речиси неинвазивна, а терапијата може да се спроведува интензивно, особено во текот на првите 6 недели.

Сподели!
- Advertisement -