Во оваа компанија вработените сами бираат кога и каде ќе работати на кои состаноци ќе одат

- Advertisement -

Технолошката компанија Verve би можела да биде идеално место за работа за миленијалците. Имено, компанијата на своите вработени им дава слобода да го изберат работното време, местото за работа и состаноците на коишто ќе присуствуваат. Калум Негус Фенси, 28-годишен британски претприемач, го започнал бизнисот во подрумот на куќата на неговите родители. Основана во 2013 година, Verve е софтверска платформа која на брендовите им овозможува да регрутираат фанови кои продаваат влезници за нивните настани во замена за награди како бесплатен влез и пристапници за ВИП деловите, пишува Poslovni Puls.

Компанијата денес вреди 35 милиони долари, а бројот на вработени порасна од петмина на 160 луѓе, кои рабoтат во канцелариите во Лондон, Лос Анџелес, Лас Вегас, Остин и во некои други европски градови.  Фенси сакал да изгради култура на компанија во која вработените ќе работат за да остваруваат најдобри резултати. Миленијалците, кои се најбројни во компанијата, работат повеќе часа, имаат помалку одмор, и генерално, имаат помалку пари отколку претходните генерации.

- Advertisement -

Таквите услови може да доведат до недостаток на ангажирање на работа и често менување работни места. Токму затоа, во Verve речиси сите 160 вработени барем еден ден од неделата работат надвор од канцеларија, од кафуле, од дома итн. Verve нема работно време или денови за одмор. „Сакам луѓето канцееларијата да ја гледаат како алатка, а не како место каде што мора да одат“ вели Фенси.

Калум Фенси

Ако некој мора порано да замине од работа, слободен е да го направи тоа без да каже некому. Работникот кој во секој момент од денот мора да најави каде ќе биде е несреќен работник, а во Verve сакаат да го избегнат тоа. Наместо строгата контрола Фенси вели дека побитно му е вредноста која ја создаваат неговите вработени за клиентите.

- Advertisement -

Флексибилноста на работата ги привлекува миленијалците во Verve, додека тие што веќе работат таму им дава доволна причина да останат. Фенси изјави дека компанијата имала неколку проблеми со вработени кои ги зоупотребувале повластиците, но кога вработениот не ги исполнува целите, на сцена стапува менаџер кој треба да дознае зошто е така. Флексибилното работно време не значи и помалку работа, иако Фенси признава дека квалитетот е многу побитен од квантитетот.

Сподели!
- Advertisement -