Пивото ќе поскапи најмалку 15%!

- Advertisement -

Љубителите на пиво ширум светот од следната година ги очекува зголемување на цената на пивото за повеќе од 15%. Причина за тоа е сушната година поради што се очекува раст на речиси сите важни трошоци за производство на пиво

Според извештајот на инвестициската банка Berenberg, најголемите светски производители на пиво се соочуваат со раст на трошоците за производство од околу 16%, кои најверојатно ќе се прелеат на цената на пивото во 2019 година.

Поскапувањето на производството првенствено е резултат на скокот на цената на јачменот, една од клучните состојки на пивото, чиј што под годинава беше многу намален во цела Европа. Поради очекуваната помала понуда на пивски јачмен, цената на таа суровина достигна највисоко ниво во последните пет години – 236 евра за еден тон!

- Advertisement -

Извештајот цитира и податок од американското министерство за земјоделство дека светските залихи на јачмен се на најниско ниво од 1984 година. Но, пиварниците оваа година не се погодени само од поскапиот јачмен, туку и од зголемените цени на енергијата и на алуминиумот од кој што се прават лименките и тоа за 8%. Само минатата година цената на алуминиумот порасна за 20%.

Сподели!
- Advertisement -