Поранешниот претседател на САД, Барак Обама и неговата сопруга, Мишел Обама, потпишаа повеќегодишен договор со компанијата Netflix и ќе работат како продуценти на идните филмови и серии, пренесува Bizlife.
Обама и Мишел ќе имаат опција да бидат продуценти и на документарни филмови, серии со или без сценарио, соопштија од Netflix. „Барак и јас отсекогаш верувавме во моќта на раскажаната приказна да ги инспирира луѓето“, изјави Мишел за BBC.
Брачниот пар Обама поради новата работа основаа продуцентска компанија под името Higher Ground Productions. Обама истакна дека нема план да му конкурира на наследниот Доналд Трамп на наредните претседателски избори во САД.
„Се надевам дека ќе ги култивираме и ќе ги поттикнеме младите таленти, инспиративните и креативни гласови кои се способни да промовираат повеќе емпатија и разбирање меѓу луѓето и да им помогнеме да ги споделат нивните приказни со остатокот од светот“ изјави Барак.