Product Hunt Meetup во соработка со Womenpreneurs Stories овој четврток во Скопје

- Advertisement -

Серијата на настани Womenpreneurs Stories, своето следно издание ќе го доживее во комбинација со Product Hunt Meetup – настан кој ќе ја опфати тематиката како да се развие успешен производ.

Настанот кој е прв од ваков тип во Македонија, ќе опфати неколку иновативни сесии и панел дискусии, а учество ќе земаат четири говорници кои работат како продукт менаџери, како и три панелисти кои имаат искуство со лансирање на производ направен во Македонија. Имињата на говорниците ќе бидат дополнително најавени.

- Advertisement -

Настанот го организира иницијативата Womenpreneurs Stories во соработка со Swiss Entrepreneurship Program (#SwissEP), со поддршка од Швајцарската Влада и имплементирана од Swisscontact.

Product Hunt Meetup ќе се одржи овој четврток, на 31 мај во Јавна соба во Скопје, со почеток од 17 часот.

- Advertisement -

За да присуствувате на настанот, потребно е да си набавите влезница преку платформата на Grouper на следниов линк која чини 300 денари.

За повеќе информации, следете на Фејсбук настанот за Product Hunt Meetup Skopje.

Сподели!
- Advertisement -