Оваа земја сака да го забрани Facebook на еден месец

- Advertisement -

Папуа Нова Гвинеја размислува да ја блокира најпопуларната социјална мрежа во светот за да детектира лажни профили и вести, а сето тоа го прави само затоа што земјата годинава е домаќин на глобален самит. Предлогот за блокирање на Facebook на еден месец го изнесе министерот за комуникации на земјата, Сем Базил, и предложи да се замени со локална платформа, но оваа идеја беше исмеана од јавноста во Папуа Нова Гвинеја, пренесува B92.

Едномесечното укинување на Facebook би почнало во четврток и би и дозволило на владата да собере доволно информации за лажните корисници и да собере податоци за тие кои поддржале порнографија и осетливи информации на Интернет. „Ова на луѓето со вистински идентитети ќе им овозможи да ја користат социјалната мрежа на одговорен начин“ рече министерот во предлогот.

- Advertisement -

По неговиот предлог ПР службата на Facebook ги контактираше властите на Нова Гвинеја со намера без гаснење на мрежата да им се помогне да ги соберат потребните информации.

Сподели!
- Advertisement -