Италија останува најголем светски извозник на тестенини

- Advertisement -

Најновото истражување спроведено во Италија покажува дека 56% од произведените тестенини, земјата ги пласира на 200 извозни пазари низ целиот свет.

Речиси три четвртини од италијанските тестенини се пласираат во европските земји, а според податоците на Италијанската асоцијација на производители на тестенини, вкупното количество што се извезува се проценува на околу 2 милиона тони.

Германија, Франција и Велика Британија се меѓу водечките пазари, на кои годишно се консумираат тестенини во вредност од 1 милијарда евра. Најголем пораст на извозот на италијанските тестенини бил остварен во Шпанија (22%), Белгија (14), Украина и Белорусија (32) и во Литванија (52%). Пораст е забележан и во количествата што се извезуваат во Русија (9%) на 23.000 тони.

- Advertisement -

Иако Италија останува водечки глобален производител на тестенини со 3,36 милиони тони годишно, земјите што не се членки на ЕУ, како Турција, создаваат сè поголема конкуренција. Во последните 5 години, Турција го зголеми производството на тестенини за 77% и сега произведува околу 1,5 милиони тони годишно.

За да ја одржат лидерската позиција, италијанските производители повеќе се фокусирани на поздравите видови тестенини – интегрални, органски, безглутенски, или направени од алтернативни состојки, како што се леблебија, леќа или куркума. Во текот на последните 10 години, консумацијата на тестенини во Италија се намалила за 7% поради новите навики во исхраната на потрошувачите.

- Advertisement -

Италијанските тестенини сочинуваат една третина од вкупната продажба на тестенини во САД, во вредност од 2,9 милијарди евра.

(www.instore.mk)

Сподели!
- Advertisement -