SpaceX успешно лансираше еден од најголемите сателити во Земјината орбита

- Advertisement -

Само две седмици откако лансираше неколку помали сателити во Земјината орбита, SpaceX синоќа после полноќ лансираше еден од најголемите сателити во вселената, а станува збор за комуникацискиот сателит SES-12. Американската вселенска компанија новиот сателит го лансираше од својата база Cape Canaveral во Флорида, пишува Klix.ba.

Од SpaceX велат дека ова е еден од најголемите сателити некогаш лансирани во вселената, а треба да ја засили комуникацијата во деловите од светот каде што во блиска иднина ќе биде потребен брз Интернет. Како што пренесуваат странските медиуми, брз Интернет треба да добијат жителите на Азија и Пацификот и на Блискиот Исток.

- Advertisement -

„Потврдено успешното воспостaвување на сателитот SES во орбитата“, напишаа од SpaceX на Twitter. Лансирањето на сателитот SES-12 првобитно беше планирано за 31 мај, но беше одложено поради дополнително тестирање.

Сподели!
- Advertisement -