Во животот многу работи зависат од нашата самодоверба и тоа како ќе се поставиме во одредени ситуации. Недостатокот на самодоверба претставува реална пречка кон остварувањето на желбите и визиите. Но добрата вест е дека самодовербата може да се изгради и зголеми.
Како и сите други вештини, градењето на самодоверба бара дисциплина. Ако сте подготвени да покажете посветеност, во период од околу три месеци може да остварите значителни поместувања. Еве и како.
Бирајте позитивни мисли
Недостатокот на самодоверба во најголем дел доаѓа од негативното размислување. За да ја промените сликата за себе потребно е да ги елиминирате негативните мисли и конструктивно да ги реобликувате.
Позитивното размислување, особено доколку не ви доаѓало природно, бара дисциплина и вежбање. Обидете се уште веднаш да го примените овој чекор и следниот пат кога ќе се поставите песимистички во одредена ситуација, обидете се и променете ја перспективата.
Почитувајте го тоа што сте
Многу луѓе страдаат од синдромот да претстават лажна слика за себе бидејќи мислат дека нивните квалитети и достигнувања не можат да се споредат со оние на другите луѓе. Често пати се чувствуваат дека нивните успеси се недоволни, дека не припаѓаат на одредена позиција и дека некој порано или подоцна ќе го открие тоа. Но ова во суштина значи да се биде човек.
За градење на самодоверба, клучно е да научите да ги цените и сакате своите квалитети и да престанете да негувате негативно мислење за себе. Кога ќе бидете сигурни во тоа што сте, кои ви се јаките точки и вредности, ќе престанете да се споредувате со останатите и нема да се обидувате да бидете нешто што не сте.
Изградете проактивно размислување
Проактивниот ментален склоп е клучен за успех бидејќи се работи за верба во својата способност да се расте и да се учи. Ако можете навистина да изградите став дека за да се напредува мора постојано да се расте, да се учи и да се настапува позитивно во секоја ситуација од животот, тогаш не постојат препреки кои нема да ги совладате.