Тешко е да се најде време да се завршат сите домашни обврски, но уште потешко е тоа да се направи кога патувате. Sonic Soak е дизајниран да работи како минијатурна преносна машина за перење алишта, која наместо детергент, алиштата ги пере со – звучни бранови! И тоа не само што може да пере алишта, туку може да ги исчисти и вашиот накит, четките за заби, приборот за јадење, бебешки играчки, овошје, зеленчук и речиси се што сакате да исчистите, пишува New Atlas.
Sonic Soak функционира така што го користи ултразвучниот спектар за чистење. Се става во вода и тогаш почнува да емитува звучни бранови со висока фреквенција кои создаваат меурчиња под притисок. Тие се судираат со предметите кои се мијат и ги отстрануваат сите нечистотии како кал, масло, бактерии итн.
Делот од Sonic Soak кој емитува ултразвучни бранови е направен од нерѓосувачки челик кој се поставува во сад полн со вода и сосема малку детергент. Потоа се приклучува на друг дел кој се приклучува во струја. Sonic Soak емитува по 50.000 ултразвучни вибрации во секунда, а корисниците можат да постават и тајмер.
Sonic Soak е помал од паметен телефон и многу лесен за носење, па секако дека може да го собере во вашиот багаж. Од тимот кој стои зад гаџетот велат и дек користи само 10% од енергијата и само 2% од водата што ја троши една обична машина за перење. Минатата година за гаџетот имаше кампања на Indiegigo, која собра 2 милиони долари.