Лондон сака да ги подобри своите јавни транспортни услуги и ќе почне да тестира автоматизирано броење на патници со помош на алатки кои даваат податоци во реално време. Организацијата Transport for London (TfL) ќе спроведе тримесечно тестирање кое ќе вклучи методи за следење на промените на притисокот на воздухот во автобусите и тежината која ја пренесуваат, ќе се следи безбедноста на возењето и сензори ќе бидат поставени над вратите на секој автобус, пишува PSFK.
Организацијата се надева дека со помош на овие информации ќе се подобри корисничкото искуство во јавниот превоз. Во минатото корисничкото искуство се проценувало според бројот на продадени билети и мали анкети на патниците за да разберат како патуваат луѓето и колку се задоволни. Ова е интересен пример како една традиционална услуга може да ја употреби технологијата за да ги разбере потребите на потрошувачите. Тест возењата со новата технологија во седум автобуси почнаа на 8 јуни.