Светот ќе снема песок – ресурс кој е побитен и од нафтата

- Advertisement -

Светот наскоро ќе се соочи со недостиг од песок, а паралелно со брзото трошење на песокот се развива и расте црниот пазар на песок. Иако мислиме дека песокот го има во изобилство, ситуацијата е прилично сериозна

Проблемот е во тоа што пустинскиот песок не може да се користи за производство на работите кои ги користиме секојдневно, пренесува 24sata. Зрната од пустинскиот песок се премногу тркалезни поради ерозијата која ја предизвикува ветрот. Од друга страна, пак, песокот за кој има голема побарувачка има неправилни зрнца кои може да се сложувааат како сложувалки. Песокот се користи многу повеќе отколку што мислат луѓето. Исто така, побарувачката за него многу ја надминува количината која ни е на располагање.

Ширум светот секоја година се трошат по околу 50 милијарди тони песок, што е двапати повеќе од количината која може да ја произведат сите реки во светот. Третиот најкористен природен ресурс по воздухот и водата е песокот – го користиме повеќе од нафтата. Песокот се користи во производството на храна, пасти за заби, чипови за компјутери, силиконски импланти, козметика, хартија, боја и пластика. Најмногу песок се троши за правење бетон.

- Advertisement -

Но, секоја година има потреба од повеќе песок – градовите се шират, а во земјите во развјој никнуваат нови. Најголем потрошувач и најдобар пример е Кина, каде што се наоѓа најголемото урбано подрачје во светот – делтата на Бисерната Река, каде што живеат меѓу 42 и 60 милиони луѓе. Кина сега има 102 града со популација над 1 милион луѓе, за споредба со Европа, каде што има само 38 градови.

Освен бетон за патишта и куќи, Кина песокот го користи за изградба на вештачки острови со кои сака да ја зголеми својата територија.Многу земји веќе преземаат мерки против преголема експлоатација на песокот од дното на океаните и реките, затоа што на тој начин ќе се измени рамнотежата во синџирот на прехрана, а отежната е и одбраната во случај на поплави.

- Advertisement -

Многу земји го ограничија правењето бетон, што предизвика друг проблем – создавање на црн пазар за песок. Една цела заедница од бизнисмени, нуркачи и криминалци од вадењето песок на црно заработуваат 2,3 милијарди долари годишно. За нив работат 75.000 сиромашни Индијци, кои работат цел ден за 15 долари по испорака. Прашањето е како да се користи помалку песок?

Сподели!
- Advertisement -