RepAir маичката го чисти воздухот додека ја носите

- Advertisement -

Италијанската модна компанија Kloters направи маичка со кратки ракави која го чисти воздухот преку специјално дизајниран додаток кој може да ги лови и да ги разложува загадувачите во воздухот и лошите миризби. Маичката се вика RepAir и е дизајнирана да биде истовремено удобна и еколошка. „RepAir е производ на желбата да се надмине традиционалниот концепт на одржлива мода. Ние сакаме модата да ја претвориме во средство за подигнување на свеста на луѓето и да создадеме нови решенија за проблемот со загадувањето преку убава, удобна и повеќенаменска облека“ изјавија соосновачите на Кloters, Федерико Суриа, Марко Ло Греко и Силвио Перука, пренесува Inhabitat.

- Advertisement -

Компанијата моментално собира пари преку кампања на платформата за групно финансирање Kickstarter campaign. Уникатните особини на RepAir ги овозможува патентираниот апсорбирачки материјал Breath. Компанија која го произведува, Anemotech, со задоволство се вклучила во проектот и сонот на италијанските креатори стaнал реалност. Материјалот е способен да ги апсорбира загадувачите кои предизвикуваат здравствени проблеми како што се респираторни заболувања и рак. Breath помина многу тестови на Политехничкиот универзитет во Марке, Италија, каде што се покажало дека материјалот може да исчисти 92% од сулфур диоксидот и 86% од азотните оксиди во воздухот. Прочистувачкиот материјал е поставен во џебот на маичката и може да се отстрани по потреба.

- Advertisement -

Освен тоа што може да го чисти воздухот, RepAir целиот процес го прави на одржлив начин. Произведени во Италија, RepAir се направени со поддршка на доставувачи кои се фокусираат на тоа да се спречи злоупотребата на работници, што многу често се случува во модната индустрија. Маичките се направени од висококвалитетен памук и се дизајнирани да траат долго време, со што се намалува отпадот. Нивното мото е: „Една маичка можеби нема да го спаси светот, но повеќе маички можат да го сторат тоа“.

Сподели!
- Advertisement -