Саемот за мебел ќе се одржи во октомври во Арена „Борис Трајковски“

- Advertisement -

Саемот на мебел годинава ќе се одржи од 5 до 10 октомври во комплексот на ВИП Арената „Борис Трајковски“.

Од Скопски саем, кој е организатор на оваа саемска манифестација, најавуваат дека вкупниот изложбен простор ќе биде 8.000 метри квадратни. Покрај  просторот во ВИП Арената, надвор ќе бидат поставени и монтажни изложбени објекти.

„Учество на саемот најавија најголемите производители и трговци на мебел од земјата и регионот, при што посетителите може да очекуваат дека понудата на најновите дизајни на мебел ќе биде мошне богата и разноврсна за сечиј вкус. Секако, и оваа година изложувачите најавуваат големи саемски попусти.“, велат од Скопски саем.

- Advertisement -

Саемот на мебел е еден од најпосетуваните манифестации кој традиционално е посетен од околу 50.000 посетители.

Покрај Саемот на мебел, од 24 до 28 октомври ќе се одржи и „Технома“ заедно со Саемот на градежништво и „Реалекспо“ во комплексот на ВИП Арена Борис Трајковски.

Сподели!
- Advertisement -