Поради скандалите со социјалните мрежи 40% од луѓето избришале барем еден профил

- Advertisement -

Довербата во социјалните мрежи е нарушена пoради скандалите околу протекувањето на податоци и ширењето на лажни вести, па затоа не е изненадување што луѓето сe повеќе ги бришат своите профили.

Во последните години социјалните мрежи станаа главно место за дружење, забава, споделување информации, но исто така и читање вести и информации за голем број интернет корисници во светот. Меѓутоа, во последните месеци довербата во Facebook, Twitter и другите социјални мрежи почна значително да се намалува меѓу нивните корисници. Главната причина за ова се се почестите скандали со протекување на приватни податоци и дистрибуција на лажни вести, што доведе до појава на страв кај многумина.

- Advertisement -

Истражувањето на консултанската куќа Edelman, која е специјализирана за прашања поврзани со односите со јавноста, покажа дека луѓето сe помалку веруваат во социјалните мрежи, а овој тренд е присутен низ целиот свет. Корисниците сe повеќе се загрижени за сопствената приватност и не се сигурни дека она што го читаат е точно. Дури 70% од испитаниците во ова истражување одговориле дека огласувачите треба да извршат поголем притисок врз социјалните мрежи и да побараат од нив да ги контролираат лажните вести и навредливите содржини.

62% од испитаниците се изјасниле за посилна регулација на социјалните мрежи, а дури 40% изјавиле дека минатата година избришале најмалку еден од нивните профили на социјалните мрежи. Бројни корисници, исто така, сакаат јасно да се означат спонзорираните содржини на социјалните мрежи.

- Advertisement -

Истражувањето опфатило девет илјади испитаници од САД, Бразил, Канада, Велика Британија, Кина, Франција, Германија, Индија и Обединетите Арапски Емирати.

Сподели!
- Advertisement -