Специјални засолништа дизајнирани за заштита на учениците во случај на престрелка и ураган

- Advertisement -

Во 2013 година Џим Хаслем од Солт Лејк Сити го основаше стартапот Shelter in Place, компанија која прави засолништа кои можат да издржат куршуми и екстремни временски услови. Првото такво засолниште беше инсталирано во едно основно училиште во Оклахома во 2015 година, а оттогаш досега ги има во стоици училишта во САД.

Засолништето е високо 1,8 метри, а широко 1,5 метри. Во себе содржи околу 3 тони балистички челик, може да собере до 20 ученици и чини 20.000 долари. Дизајнирано е за учениците да влезат во него за помалку од 30 секунди затоа што има двојна намена – кога не постои опасност служи како соба за читање и така многу лесно се вклопува во изгледот на училните.

- Advertisement -

На надворешната страна има камера која емитува што се случува надвор на монитор поставен во внатрешноста. Во засолништето има клупи, батериски систем, обложени подови, осветлување и вентилациски систем. Освен куршуми, засолништата може да издржат експлозии, торнада, урагани од 5-та категорија и земјотреси со јачина од 9,5 степени според Меркалиевата скала.

Сподели!
- Advertisement -