Кина прави Голем зелен кинески ѕид за да се бори со сушата

- Advertisement -

Кина има голем геоинженерски проект за борба со ширењето на пустинските предели во земјата. Таа сади дрвја со цел да креира Голем зелен ѕид кој ќе спречува ерозија, ќе го чисти јаглерод диоксидот од воздухот и ќе има економски бенефит за републиката. До 2050 година нацијата од околу 1,5 милијарди луѓе сака да посади околу 35 милиони хектари шума во област долга околу 5.000 километри, а широка околу 1.300 километри. Доколку успее во тоа, кинескиот проект за пошумување ќе послужи како пример и водич за останатите земји кои се соочуваат со суша.

Пространите пустински предели во Кина, како што е пустината Гоби, заземаат околу 27% од вкупната површина на земјата. До 2006 година речиси 1.600 квадратни километри обработлива почва се претворила во пустина. Сушата во Кина носи и други проблеми како прашина и пустински бури кои уште повеќе го влошуваат квалитетот на воздухот и здравјето на луѓето, го осакатуваат сообраќајот, предизвикуваат економска загуба од милијарди долари секоја година.

- Advertisement -

Сепак, резултатите од проектот се мешани. Според некои, проектот обезбедува финансиска стабилност за сите оштини во таканаречениот регион Голем зелен ѕид. Владините иневстиции во инстраструктура во регионот уште повеќе го поттикнуваат развојот. Според владата, проектот веќе резултирал со намалување на зачестеноста на пустинските бури, се стабилизирало ширењето на пустината и се зачестиле дождовите. Според други, пак, речиси 86% од посадените дрвја изумреле затоа што е избрано погрешно место за садење. Исто така, дрвјата кои се увезуваат не одговараат на климатските услови во Кина и тоа може да има катастрофални последици врз екосистемот во иднина. Времето ќе покаже дали и овој ѕид ќе биде долготраен како и прочуениот камен кинески ѕид.

(Inhabitat)

Сподели!
- Advertisement -