Според статистиките на Instagram, оваа социјална мрежа веќе има околу 800 милиони активни корисници секој месец. Како канал во дигиталниот маркетинг, Instagram сѐ почесто е користен и од бизнисите кои постојано се обидуваат да обезбедат повеќе следбеници на оваа моќна мрежа за споделување на фотографии.
Проблемот е тоа што многу од луѓето воопшто не го вложуваат потребниот труд во дневното менаџирање на своите профили, што би генерирало вистински бизнис резултати. Тие сакаат брзи и лесни совети, кои скоро никогаш не резултираат онака како што се посакува.
Еве ги трите најдобри совети кои ќе ви помогнат да стекнете популарност на Instagram, па иако ниту еден од нив не гарантира успех преку ноќ, овие совети сепак ќе го зголемат билансот на вашите следбеници и вклученостa.
1. Објавувајте еднаш до најмногу три пати во денот
Најдобриот начин за да генерирате одлични резултати за вашиот бизнис преку Instagram е да бидете активни на мрежата. Но, колку пати во неделата би требало да објавувате фотографии? Тоа, секако, зависи од вашата цел. На Instagram профилите со најмногу следбеници се објавуваат околу 95 фотографии месечно, односно 3 фотографии дневно.
Најдоброто нешто кое може да го постигнете е вашите објавите да имаат голема вклученост и позитивни реакции, што ќе значи дека вие сте ја креирале својата мрежа органски.
Најлошото нешто што еден бренд може да го направи е да купи Instagram следбеници, бидејќи тие никогаш нема да бидат автентично приврзани кон објавите. Можеби тие профили ќе имаат голем број на допаѓања и генерички коментари како „Кул“, „Одлична фотографија“ и сл., но вистинските следбеници ќе ја почувствуваат привидноста. Дополнително, доколку купите следбеници и Instagram го дознае тоа, ризикувате профилот да ви биде забранет.
2. Разберете го алгоритмот на Instagram
Instagram има алгоритам кој го промени начинот на којшто објавите се покажуваат на почетната страница. Моментално мрежата ни ги покажува прво објавите кои смета дека се најинтересни за нас според она што ние го „лајкнуваме“ односно она на што реагираме.
Ова значи дека прво ги гледате фотографиите објавени од вашите најдобри пријатели, додека пак објавите од компании кои ретко ги „лајкувате“ и им коментирате, ќе ви се покажуваат последни.
Како краен корисник на мрежата, најверојатно ова не ви се чини толку лошо на прв поглед. Меѓутоа, од перспективата на една компанија, ќе сакате да бидете достапни до колку што е можно повеќе луѓе и вашите објави да им се покажуваат веднаш по вклучување на апликацијата. Иако ова, дефинитивно, претставува предизвик, не е невозможно. Најважното нешто што мора да го знаете е следното: крајниот корисник ја има целата контрола.
Доколку корисниците често се вклучени во објавите на вашата компанија, тогаш вашите фотографии ќе им се покажуваат доста често. Ова значи дека клучна работа за секоја компанија која посакува да и се обрати на својата публика на Instagram е да објавува висококвалитетни содржини кои ќе бидат интересни и примамливи за корисниците.
Еве неколку идеи за интересни фотографии: интересни моменти од зад сцената, реобјавување на популарни фотографии, видеообјави, наградни објави, објави од моментални настани или раскажување на интересни и инспиративни приказни од корисниците.
3. Размислете внимателно за насловот на вашата објава
Бидејќи знаеме дека клучно во работата со алгоритмот на Instagram е да се креираат висококвалитетни содржини интересни за публиката, значајно е да се посвети внимание на смислување забавни наслови. Доколку сте во брзање кога објавувате нова фотографија, насловот е она на што последно помислувате. Меѓутоа навистина добар наслов може да биде клучен за фотографијата.
Интересен и добро осмислен наслов апсолутно ќе ви помогне да заработите „лајк“ или коментар бидејќи објавата ќе предизвика емотивна реакција.
Насловите на фотографиите многу често можат да звучат како инспиративни говори. Ваквиот вид на автентичен и инспиративен наслов е одличен за анимирање на следбениците. Преку коментарите може да се заклучи дека на следбениците им се допаднала вашата објава.
Вложете на почеток малку повеќе труд во креирање на вашата стратегија за привлекување на следбеници на Instagram и само останете посветени и резултатите ќе следуваат.