Во САД има околу 300.000 билборди, од кои годишно се создава отпад од илјадници килограми, Додека овој цврст материјал е одличен за да ги издржи надворешните временски услови, како пеколно жешкото сонце на лето и виулиците снег на зима, не се распаѓа лесно и брзи кога ќе се фрли на депонија.
Компанијата Rareform од Лос Анџелес одлучи да го пренамени овој непотребен отпад и да го продолжи животот на старите билборди така што ќе го претвори винилот во чанти, пишува GreenMatters. Пед да ја основаат компанијата пред 5 години враќата Алек и Ариц Аведисиан најпрвин добиле идеја да ги претворат вилбордите во нови производи кога патувале низ Јужна Америка и виделе како некои луѓе старите билборди ги користат за да ги покријат крововите. Тогаш сфатиле дека материјалот има многу корисни квалитети, не само за рекламирање.
Значи, како се прават шарените чанти на Rareform? Компанијата соработува со партнери како Lamar Advertising и Clear Channel, кои се заинтересирани за реупотреба на материјалот кој се користи за билбордите. Кога ќе помине векот на еден билборд, оди во складот на Rareform, каде што добива втора шанса. Таму секој билборд со просечни димензии од 3,6х14,6 метри се сече на посебни дизајни.
Парчињата потоа се шијат и се добиваат готови чанти. Освен што се еколошки и вегански, овој материјал за билбордите е долготраен, водоотпорен и лесен. Понатаму, секое парче што ќе се исече е уникатно и нема две исти чанти. Значи, ако купите некоја чанта од Rareform, бидете сигурни дека никој друг нема да има иста таква.