Вашиот нареден сендвич веројатно ќе биде направен од робот. Стартапот Creator од Калифорнија направи машина која прави лепчиња, пече прескавици, става сос и прави хамбургер за само 5 минути. Потребни биле 8 години за да го направат роботот, но сега тој е речиси готов за големото деби на компанијата во ресторан во Сан Франциско, пишува TechCrunch.
Creator очекува ресторанот да биде отворен во септември. Машината е долга околу 4 метри, содржи 20 компјутери, 350 сензори и 50 активатори. Серија вертикални цевки се наполнети со кисели краставички, сирење, патлиџани, кромид итн.
Роботот ќе биде поставен во центарот на ресторанот и ќе го замени традиционалниот шалтер. Месото се меле по нарачката на секој потрошувач и се прави од премиум состојки. Најпривн машината ги сече и ги пече лепчињата, става сосови, зачини, а потоа ги пече плескавиците. Серија лопатки ги туркаат плескавиците и сендвичите низ машината. Хамбургерот не доаѓа во контакт со човечки раце додека не дојде ред да му се подаде на купувачот.
Освен тоа, иако се направени од машина и од најквалитетни состојки, сендвичите кои ќе ги прави овој робот ќе чинат само 6 долари.