Основачки состаноци на работните групи и во Кичево и Куманово

- Advertisement -

На 25 јуни во Салата на Советот на Општина Кичево, и на 27 јуни во Округлата сала на Советот на Општина Куманово, се одржaa состаноци во рамки на проектот „Креирање на поволен деловен амбиент и обезбедување подобра системска поддршка на претпријатијата во сопственост на жени“, финансиран од Европската Унија, кој Здружението на бизнис жени го спроведува како субгрантист во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20 (ЈЕСНетворк+)”.

Целта на состаноците беше иницијално запознавање на членовите на работните групи и започнување на првична дискусија, за подобар прием на Стратегијата за развој на ЖП во РМ, за нејзино прифаќање и имплементирање. По одржаните состаноци  во општините Ѓорче Петров, Кичево и Куманово, до крајот на овој месец ќе се одржат и во преостанатите два града опфатени со проектот – Велес и Битола.

- Advertisement -

Првите состаноци беа основачки состаноци на меѓуресорните работни групи од Кичево и Куманово, со претставници од општината, институциите и локалните граѓански организации, а вторите состаноци се реализираа како работна средба со жени претприемачки од локалната бизнис заедница од двете општини, со амбициозни жени и девојки кои имаат сопствени бизниси, или имаат бизнис идеја и размислуваат за старт-ап, со желба да се вклучат, вмрежат и придонесат со своето присуство на состаноците.

- Advertisement -

Во рамки на состаноците со институциите и граѓанските организации се наметна заклучокот дека е потребна поинтензивна интерна и меѓуресорна координација и соработка, со цел усогласување на активностите во поглед на родовата сензитивност и поддршка на женмското претпримеништво. Додека пак, во разговорот со девојките и жените, присутни на состаноците, општ впечаток беше дека се недоволно охрабрени и информирани, за да бидат поактивни и повеќе заинтересирани за вклучување кон претприемништво, но и воопшто на пазарот на трудот. Секако добивме соодветни информации за  тековните состојби, препреки со кои се соочуваат, како и предлози и решенија за нивно надминување.

Сподели!
- Advertisement -