Daktilograf е прототип на софтвер за претворање на говорот во текст, а е дело на истоимениот црногорски тим од експерти. Решението беше претставено во мај во Digitalnа Fabriка во Подгорица.
„Нашето решение не е ограничено на говорното подрачје (српски, хрватски, црногорски, босански), како ни на бројот на зборови во предефинираниот речник. Сите производи на конкурентските компании се изградени на систем на библиотека, во која софтверот го бара изговорениот збор во веќе предефинирана аудиобиблиотека. Тој вид технологија ја ограничува употребата на нивните алатки на зборовите во библиотеките, како и на едно говорно подрачје“ вели Амил Ченгиќ, извршен директор на стартапот.
Основачите на стартапот: Амил Ченгиќ, Мирсад Хаџалиќ, Мирољуб Чировиќ и Ердал Дураковиќ развија решение кое речиси моментално го запишува она што го зборувате и кое засега работи само со јужнословенски јазици, пишува Startapovanje.me.
Софтверот се базира на алгоритам које не се потпира на аудиобиблиотека, туку ги гледа зборовите како аудиосигнали, ги разложува, ги препознава и ги претвора во пишан текст. „Daktilograf, пред се, е наменет за медиумите и новинските агенции, но во иднина може да се применува и во судовите, општините, другите органи на јавната управа, како и во индустријата за гласовни команди, роботиката, едукацијата, титлувањето и уште низа други полиња“ велат авторите.
Апликацијата која ја развиваат, како што тврдат, ќе може да се стави во физички уреди како диктафони, пишаниот текст ќе може да се испраќа директно на имејл, во CMS медии, во облак итн. За понатамошен развој на проектот и што побрзо да дојдат до производ готов за на пазар неопходна им е инвестиција. Екипата на Daktilograf е во процес на преговори со белградската инвеститорска куќа ICT Hub Venture и неодамна влегоз во последната фаза од преговорите оред одобрување на инвестицијата.