Почна Светскиот мобилен конгрес во Барселона – еве што можеме да очекуваме

- Advertisement -

Светскиот мобилен конгрес конечно се врати во Барселона и ги наполни халите во конгресниот центар Фире де Барселона. Конгресот се одржува од 27 февруари до 2 март и на него низ годините изложувале илјадници компании од над 200 земји. И годинава се очекува огромен број на посетители, над 80.000, кои се нетрпеливи да ја видат најновата технологија во мобилната индустрија. Оваа бројка се приближува до тие 109.000 посетители кои конгресот ги виде во 2019 година, пред почетокот на пандемијата.

Кога станува збор за потрошувачката технологија, мноштво компании ќе ги претстават своите најнови модели на телефони. Компаниите како Honor, OnePlus, Huawei и Nokia се очекува да ги откријат своите најнови уреди, иако клучните играчи како Samsung и Sony веројатно не подготвуваат некои поголеми изненадувања. А секако не треба ни да сметаме на Apple.

- Advertisement -

Познато е дека компанијата OnePlus ќе го претстави својот телефон OnePlus 11 Concept, Xiaomi ќе ја претстави својата најнова серија на телефони Xiaomi 13. Realme ќе го претстави уредот кој веќе беше претставен во Кина, Realme GT3. ZTE ќе претстави новини од својот Nubia бренд. Honor ќе ја лансира серијата Honor Magic 5, а еден помал бренд Tecno ќе го претстави својот телефон на преклоп Tecno Phantom V Fold.

Како и многу такви конгреси, MWC изминатите неколку години не се организира со толкава фама и во 2020 година дури беше целосно откажан поради пандемијата на КОВИД-19.

- Advertisement -

(The Verge)

(фото: MWC Barcelona)

Сподели!
- Advertisement -