Бесплатни хамбургери за жените возачи во Саудиска Арабија

- Advertisement -

Сега кога е легално жените да возат во Саудиска Арабија, автомобилските брендови како Audi, Nissan и Ford креираа кампањи за да го поддржат тоа. Но, ретко кој очекуваше по повод овој историски момент со кампањи да се вкјлучат и синџири ресторани за брза храна како што е Burger King.

Burger King се вклучи преку кампањата WhoppHer, во рамките на која сите жени возачи кои доаѓаат во нивните ресторани добиваат бесплатни хамбургери.

- Advertisement -

Кампањата ќе трае и понатаму – од 24 јуни до 24 јули, а бесплатните хабругери се во посебна амбалажа на која пишува WhoppHer во склад со името на самата компанија. Идејата дојде од Германија, поточно од компанијата Grabarz and Partners, која стои зад неколку кампањи на Burger King.

Сподели!
- Advertisement -