На Facebook ќе може да сокривате вести според клучен збор

- Advertisement -

Од Facebook објавија дека почнале со тестирање на нова опција која ќе им овозможи на корисниците да ги сокриваат и изолираат информациите кои ги добиваат на својата почетна страница според клучни зборови

Како што пренесува Klix.ba, причините поради кои Facebook го претставува ова решение е поради случаи кога многу корисници добиваат информации за нови епизоди од серии кои уште не ги гледале, информации за бившите момчиња и девојки кои не сакаат да ги добиваат без да ги избришат од пријатели итн.

Опцијата ќе го носи името Keyword Snooze односно да изберете кои објави не сакате да ги гледате според клучните зборови кои ги содржат.

- Advertisement -

Корисниците ќе можат да го внесат клучниот збор или фраза на почетната страница и објавите поврзани со напишаното нема повеќе да излегуваат. Ова е понапредно решение од опцијата која претходно беше воведена, а вклучуваше сокривање на објави од одредена личност или страница во период од 30 дена.

Новата опција Keyword Snooze ќе биде лоцирана во горниот десен агол на почетната страница.

Сподели!
- Advertisement -