Германија претстави план за бесплатен јавен превоз како мерка против аерозагадувањето

- Advertisement -

Иако Германија станува лидер во искористување на ветерна и соларна енергија, аерозагадувањето уште не е ставено под контрола, поради што ЕУ упати предупредување до државата. Тоа беше повод државата да изготви план кој предвидува бесплатен јавен превоз како главна мерка.

Како што пренесува Independent, за почеток мерката ќе се тестира во градовите Бон, Есен, Херенберг, Ројтлинген и Манхајм, најдоцна до крајот на годинава.

Од федералната германска влада се надеваат дека мерката ќе придонесе кон намалување на користењето на приватни автомобили. Планот кој го достави до ЕУ опфаќа и други предлози и мерки како: шеми за споделување на автомобили, зони со ниски емисии на штетни гасови во градовите, зони со забрана за движење за автомобили и автобуси кои испуштаат повеќе штетни гасови од дозволеното итн.

- Advertisement -

Според новите регулативи на ЕУ, доколку земјите членки не достават предлози со кои ќе го ограничат и намалат аерозагадувањето, ќе следуваат казни.

Европската комисија објави дека загадување кое е опасно за живот моментално има во 130 европски градови, а на ниво на Унијата, аерозагадувањето предизвикува околу 400 000 смртни случаи годишно.

Сподели!
- Advertisement -