Ohnana шаторот ќе ве разлади кога надвор е пеколно жешко

- Advertisement -

Кампувањето не е резервирано само за во лето, но дефинитивно временските услови на лето се најдобри за преноќување под отворено небо. Ohnana Tent е она што ви треба во пеколните горештини кои допрва почнуваат. Можете да го понесете и да го поставите на плажа или да го понесете со себе каде и да одите на одмор. Она што е специјално кај овој шатор е тоа што за разлика од обичните, овој шатор ќе ве разлади подобро од клима уред.

Шаторот е направен од посебна алуминиумска обиввка која рефлектира до 90% од сончевите зраци. Обвивката не дозволува шаторот да ги апсорбира инфрацрвените зраци, фреквенција која е најголем виновник за загревањето. Освен тоа, топлината која ја генерираат вашите тела се исфрла низ посебни специјално направени отвори во шаторот за да се филтрира воздухот.

- Advertisement -

Ohnana Tent е многу поладен отколку конвенционалните шатори. На пример, кога температурата надвор е околу 26 степени, температурата во обичен шатор може да се искачи на 40ºC. Во Ohnana шаторот температурата останува на околу 28ºC. Додека обичните шатори се претвораат во мини сауни кога надвор е топло, спиењето во шаторот Ohnana е како да спиете надвор под сенка.

https://www.kickstarter.com/projects/ohnana/ohnana-the-coolest-tent-for-festival-lovers

Сподели!
- Advertisement -