Отворен повикот за UPSHIFT програмата за млади социјални иноватори и претприемачи

- Advertisement -

CEED HUB Скопје, со поддршка на канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје и Фондот за иновации и технолошки развој го отвори повикот за учество во UPSHIFT програмата за развивање идеја и пронаоѓање решение на проблемот што тимовите го препознале и кои преку програмата можат да добијат финансиска поддршка за реализација.

Преку UPSHIFT – програма што комбинира дел од водечките пристапи во развојот на младите и адолесцентите со најдобрите практики од приватниот сектор и со дизајн насочен кон потребите на луѓето – партнерството има за цел да ги поттикне младите луѓе преку развој на претприемачки решенија да одговорат на предизвиците во нивната заедница.

- Advertisement -

Учеството во оваа програма ќе им овозможи на учесниците да стекнат нови вештини и знаења, да решат некој социјален проблем во заедницата, да научат како да ги дизајнираат, развијат и имплементираат идеите, како и да освојат 2000 евра и идејата да ја претворат во реалност.

Оние кои сакаат да се пријават, потребно е да го идентификуваат проблемот, да направат тим од најмалку 2 а најмногу 5 млади луѓе на возраст од 13-19 години и да се пријават до 10ти септември 2018 година. Пријавувањето се врши на следниов линк.

- Advertisement -

За подетални информации за правилата за учество во програмата и начинот на пријавување може да се обратите на е- маил: mtrajkova@ceedhub.mk или преку Facebook страната на CEED HUB Скопје.

УНИЦЕФ и Фондот за иновации и технолошки развој го поддржуваат спроведувањето на три UPSHIFT циклуси во текот на наредните дванаесет месеци. Како дел од партнерството Фондот за иновации и технолошки развој ќе обезебеди мали грантови за секој од најдобрите тимови за да може да ги спроведе своите идеи.

Сподели!
- Advertisement -