- Advertisement -
Хрватската компанија Rimac Automobili влегува во ново партнерство со уште еден автомобилски гигант. После соработката со Porsche, Мате Римац овојпат одлучи да соработува со шпанскиот Seat
Од компанијата објавиле дека соработката ќе опфаќа користење на нивната технологија за развивање на целосно нов спортски модел на автомобил, Seat Cupra.
Seat во досегашната соработка со хрватската компанија го направи првиот 100% електричен спортски автомобил кој има електричен мотор кој генерира 402 континуирани коњски сили и дури 680 коњски сили при најголемото оптоварување.
- Advertisement -
Поради силниот електромотор, автомобилот постигнува максимална брзина од 270 километри на час, забрзување до 100 километри на час за 3,2 секунди, а до 200 километри на час за 8,2 секунди.
- Advertisement -