purME Air е заштитна маска со турбини која сама се чисти

- Advertisement -

purME Air е маска со две турбини која има за цел да го направи дишењето полесно и побезбедно. Не е изненадување дека purME Air доаѓа во време која секој во светот бара маска која е комбинација од форма и функција. Моментално е во тек кампањата за маската на Indiegogo. Таму се тврди дека purME Air е единствената маска во светот со која најлесно се дише.

purMe Air нуди три различни нивоа на заштита и можете да ја изберете најсоодветната заштита во зависност од средината и безбедносните мерки на претпазливост. Корисниците можат да избираат помеѓу основна заштита со FFP1 филтер, повисока заштита со KN95 филтер или максимална заштита со P100 филтер.

- Advertisement -

FFP1 е најдобра за корисници кои поминуваат многу време во вежбање или патување во области каде што нема големи гужви. Со малку послаба заштита од KN95, ова основно ниво на заштита ги стопира алергените и микроорганизмите. KN95 е подобра за корисници кои се во области каде што има поголема гужва или се во урбана област секој ден. Таа маска задржува 95% од честичките кои не потекнуваат од нафта. Максималното ниво на заштита или P100 е доволно моќно да ги заштити индустриските работници и луѓето кои се занимаваат со градење од прашина и други честички. Нуди максимална заштита на респираторниот систем во споредба со други модели.

Маската го олеснува дишењето така што го задржува притисокот во маската на постојано ниво. Производителот на маската тврди дека purMe функционира подобро отколку другите маски затоа што не вовлекува повеќе воздух отколку што е потребно. Ако се случи тоа, нефилтриран воздух може да влезе во маската и да го отежни дишењето. Леснотијата на дишењето со purMe маската е овозможена благодарение на балансот кој го создаваат двете турбини лоцирани на двете страни од маската.

- Advertisement -

Корисниците не мора да ја чистат маската затоа што purME Air има вградено UV-C LED светло кое ја дезинфицира маската секогаш кога корисникот нема да ја носи. Доволно е само да се вклучи светлото после секоја употреба и маската ќе биде исчистена од сите микроорганизми и непријатни мириси за само 5 минути. Бидејќи UV-C LED светлото може штетно да влијае на кожата, purME Air има дополнителен безбедносен механизам кој спречува изложување на кожата и очите на UV зрачење.

(Startup Selfie)

- Advertisement -

(фото: )

Сподели!
- Advertisement -