Речиси половина од луѓето (48%) уште не знаат да ги заштитат мобилните уреди, а само 22% користат решенија за заштита од кражба. Џепчиите кои ќе успеат да дојдат до некој паметен телефон ќе имаат повеќе среќа отколку што се надевале
Речиси половина од луѓето (48%) уште не знаат да ги заштитат мобилните уреди, а само 22% користат решенија за заштита од кражба. Џепчиите кои ќе успеат да дојдат до некој паметен телефон ќе имаат повеќе среќа отколку што се надевале. Ова е една од најновите статистики кои ги загрижуваат во Kaspersky Lab, затоа што луѓето ги оставаат своите уреди, а заедно со нив и се поголема количина на важни и доверливи податоци.
Многумина денес ги користат своите телефони за да пристапат на Интернет и да вршат онлајн активности, па губењето на телефонот е потенцијално многу поштетно и повознемирувачко отколку кога било порано.
На пример, 68% од луѓето велат дека редовно користат Интернет на телефон, што е пораст во споредба со 60% во 2016 година, а 34% сега редовно користат таблет за да се приклучат онлајн. Повеќе од една третина (35%) од луѓето ги користат своите паметни телефони за онлајн банкарство, а 57% од луѓето редовно го користат својот паметен телефон за да се логираат на социјални медиуми, каде што исто така има многу чувствителни информации.
Но, чувањето приватни податоци на мобилните уреди не значи дека така тие податоци се безбедни или дека луѓето совесно и свесно управуваат со нив – помалку од половина од луѓето (48%) имаат ставено лозинка на мобилните уреди и 14% ставиле лозинка на фолдерите со документи за да спречат неовластен пристап. Тоа значи дека ако тие уреди паднат во погрешни раце, сите тие информации како лични профили, фотографии, пораки, па дури и детали за финансиите ќе бидат достапни за секого.
Дури и губењето уреди кои се заштитени со лозинка има огромни последици. На пример, помалку од половина од луѓето (41%) прават backup на податоците и само 22% користат мерки против кражба на мобилните уреди, што значи дека како резултат на губењето на уредот, сопствениците нема да имаат пристап до сопствените персонални информации и сметки.
Дмитри Алешин, потпретседател за маркетинг на производство во Kaspersky Lab, изјави: „Сите ги сакаме нашите конектирани уреди затоа што ни овозможуваат пристап до витални ифнроамции од секаде во секое време. Тие се вредни предмети кои криминалците сакаат да ги дофатат , а нивната работа е олеснета затоа што секој втор украден телефон не е заштитен со лозинка. Има неколку навистина едноставни работи кои може да ги преземе секој за да ги заштити уредите и податоците на нив. Доколку се стави заштита со лозинка и се користи соодветно решение за безбедност, како и заштита од кражба, ќе ги заштитите сопствените лични податоци, фотографии и онлајн-сметки од губење и злоупотреба“.
Kaspersky Security Cloud и Kaspersky Internet Security for Android се направени за дa им помогнат на луѓето да ги заштитат своите мобилни уреди. Kaspersky Security Cloud, на пример, автоматски се адаптира на однесувањето на корисниците и им нуди моќна заштита без оглед на околностите во кои се наоѓаат. Kaspersky Internet Security for Android, пак, ги тера корисниците да стават лозинки на уредите и така безбедно да ги заштита од онлајн и офлајн заканите, било да е тоа кражба, злонамерен софтвер или љубопитните очи на странци.
Овластен застапник на Kaspersky за Македонија е Кабтел.