Продолжува поддршката и партнерството на Винарската визба „Тиквеш“ со „Охридско лето“ – најголемиот и еден од најзначајните фестивали на културата во нашата земја и пошироко.
Благодарение на соработката на „Тиквеш“ и „Охридско лето“, и оваа година, уметниците и посетителите на фестивалот ќе имаат можност да се уверат дека покрај негувањето на исклучителните културни и духовни вредности, во Македонија се произведуват и врвни автентични вина.
Имено, на отворањето на годинешното „Охридско лето“, како и на останатите главни фестивалски настани, врвните вина на „Тиквеш“ ќе бидат дел од понудата со која уметниците од земјава и странство, како и посетителите и бројните видни гости од сите области на општествениот живот на земјата ќе можат да го надополнат совршеното доживување што го нуди Охрид.
Истовремено, славните светски уметници кои ќе учествуваат на фестивалот ќе добијат и вина од „Тиквеш“ со специјални етикети кои ексклузивно ќе бидат изработени за нив. Дополнително, во рамки на поддршката што ја обезбедува, ВВ „Тиквеш“ ќе се погрижи престојот на сите уметници од странство кои ќе учествуваат на годинешното „Охридко лето“ да им остане во најдобро сеќавање.
Поддршката на фестивалот „Охридско лето“ е дел од корпоративната култура на винарската визба „Тиквеш“ и определбата за општествена одговорност, која меѓудругото се темели и на промоција на вистински вредности кои имаат големо значење за земјата, но и за целиот свет.