Мелбурн доби џиновски сончев колектор – може да складира енергија за 220 домаќинства

- Advertisement -

Што ако инфраструктурата за обновлива енергија е истовремено и функционална и убава? Истражувајќи го тоа италијанскиот архитект Антонио Мака направи џиновски сончев колектор кој може да генерира доволно енергија за 220 домови во Мелбурн, Австралија. Тоа се околу 1.100 MWh струја годишно. Тој е меѓу најголемите конкуренти за годинашната награда Land Art Generator Initiative Melbourne design, односно награда за концептуален дизајн кој е симбол на иднината на одржливата енергија и истовремено уметничко дело, пишува Inhabitat.

Сончевиот колектор Sun Ray е планирано да се постави во близина на Порт Филип во Мелбурн, а се состои од серија рамни огледала, од кои секое има еднооскен систем. Огледалата се поставени во форма на круг со дијаметар од 85 метри. За да ја собира енергијата од Сонцето, Антонио Мака ја искористи технологијата за рефлектирање на Fresnel, каде што огледала се користат за да се фокусира сончевата светлина на соларен ресивер. 

- Advertisement -

„Sun Ray е нов симбол на обновлива енергија и придонесува за остварување на целта на државата Викторија за нула стакленички гасови. Исто така, ќе буле и културен споменик на Мелбурн, истражување на светлината како физички и симболичен извор на светлина за животот” објаснува Антонио Мака.

Жителите и туристите ќе можат да го користат сончевиот колектор како сенка за одмор. Огледата создаваат сенка над паркот и креираат интересна игра на светлина и сенка додека се вртат за да го следат сонцето. Победничкиот дизајн на натпреварот Land Art Generator Initiative Melbourne ќе биде објавен на 11 октомври.

Сподели!
- Advertisement -