Мате Римац го стартува технолошкиот парк за претприемачи

- Advertisement -

Мате Римац, основач на Rimac Automobili, заедно со други жители на Ливно – Божо Периќ, Бернардин Ќенан и Марин Јожиќ – изминатата година работеа на иницијативата за воспоставување на Технолошкиот парк Ливно, која резултираше со основање на фондот Linnovate. Покрај улогата на основач, Римац како главен донатор ја обезбеди финансиската поддршка за почеток на работата, како и многу други активности и програми на фондот Linnovate.

„Моето убаво Ливно со генерации се иселува. Нашите дедовци и родители барале подобар живот во сите краишта на светот. Во последните 5 години егзодусот стана целосен – училиштата се испразнија, а Ливно речиси стана град на духови. Во градот нема шанси ни за стари ни за млади, нема производство, нема фирми. Веќе подолго време разговараме што можеме да направиме за да го промениме тоа. За среќа, се најдоа неколку луѓе со волја и желба за напредок и промени во Ливно. Сакаме да стартуваме технолошки парк за претприемнички проекти. Ќе почнеме скромно, но битно е да се почне. Екипата е супер и ако ни се приклучат уште луѓе од дијаспората, имаме поголеми шанси за успех. За мене ќе биде успех ако барем на неколку семејства им помогнеме да можат да живеат во Ливно“, напиша Римац на својот профил на Facebook.

- Advertisement -

Се ќе биде официјално стартувано со конференцијата со назив Business Forum Livno 2018, која е закажана за 14 август, а главна тема на конференцијата ќе биде претставувањето на фондот Linnovate и идниот Технолошки парк Ливно. Работата на технолошкиот парк ќе се темели на поддршка за едукација, претприемништво, извоз и финансирање, а на самата конференција на јавноста ќе и бидат презентирани нивните планови.

Сподели!
- Advertisement -