ИКЕА отвора мала градски продавници

- Advertisement -

Шведската компанија за мебел „IKEA“ ќе отвори продавници во мали градови во Велика Британија, специјализирани за кујнски мебел и производи, како гардероби.

Значи, компанијата ќе понуди нешто што е фундаментално различно од стандардните големи продавници, кои обично се наоѓаат во предградијата на големите градови.

- Advertisement -

На овој начин Британците ќе можат да набават ситни производи, како и да избираат мебел преку каталози, без да мора да патуваат понекогаш со часови до најблиската продавница на „IKEA“, пренесува „The Sun“.

Сепак, малите продавници нема да нудат закуски со што ќе ги разочараат симпатизерите на шведските крофни.

- Advertisement -

„IKEA“, исто така, ќе отпочне 24-часовен сервис за онлајн испорака како одговор на промена на навиките на потрошувачите.

Новата стратегија на компанијата за Велика Британија доаѓа, откако минатата година „ИКЕА“ објави 38 отсто пад во профитот на Велика Британија.

- Advertisement -

Хавиер Куињонес, кантри менаџер за малопродажба на „IKEA“ за Велика Британија и Ирска, коментира дека во менувањето на амбиентот со отворањето на мали дуќани во центрите на градовите се отелотворуваат напорите на компанијата да се подобрува така што да ги пречека желбите на потрошувачите.

„Горди сме што Лондон е првиот град во светот во кој ќе го примениме пилот концептот, сакаме да сме подостапни и да ја доведеме „IKEA“ што поблиску до повеќе луѓе“, вели тој

Сподели!
- Advertisement -