Facebook се обидува да отвори канцеларија во Кина

- Advertisement -

Американската компанија Facebook доби лиценца за отворање канцеларија во Кина во обид конечно да се пробие на тој профитабилен пазар, на кој неговата интернет-страница е блокирана од 2009 година. Ако Facebook отвори канцеларија, тоа би било првото формално присуство на компанијата во Кина. Меѓутоа, во меѓувреме регистрацијата на канцеларијата е отстранета од веб-страницата на кинеската влада, што укажува на можни компликации, пишува SEEBiz.eu.

Кина е најголемиот глобален пазар за социјални медиуми, но пристапот за страници од типот на Twitter, Facebook и YouTube е блокиран за корисниците во земјата. Наместо тоа, тие можат да пристапат само до домашни страници на социјални мрежи како што се Weibo, Renren и YouKu.

- Advertisement -

Основачот на Facebook, Марк Цукерберг, во неколку наврати се обиде да ги шармира кинеските државници, па дури научи да зборува и мандарински и трчаше околу плоштадот Тианамен во 2016 година. Подружницата на Facebook е регистриран во јужниот кинески град Хангжу и е финансирана со инвестиција од 30 милиони фунти. Во поднесеното барање, кое повеќе не е јавно достапно, меѓу другото, се наведува дека опсегот на работата на канцеларијата че вклучува развој на технологија, технички услуги и инвестициско советување.

Амбицијата на Facebook да се пробие на кинескиот пазар не е нова, но се чини дека од минатата недела е сопрен секаков потег на компанијата во Кина. „Далеку сме од тоа да можеме да правиме што било“ изјави Цукерберг.

Сподели!
- Advertisement -